Ливерпул го задржува одличниот дефанзивец

Робертсон до 2024 година останува на „Енфилд“

Шкотланѓанецот со своите настапи го заслужи новиот 5-годишен договор.

објавено: 17 јануари 2019 - 22:42

Дефанзивецот на Ливерпул, Енди Робертсон, вечерва и официјално стави параф на нов договор со лидерот во англиската Премиер лига. Шкотскиот интернационалец кој игра извонредна сезона кај „црвените“ е незаменлив во првиот тим на Клоп.

24-годишниот дефанзивец има 56 натпревари и еден гол за момците од Мерсисајд по неговото доаѓање од Хал Сити пред две години.

„Не размислував ни момент дали да ја прифатам понудата за нов договор. Драго ми е што сум тука и се надевам дека ќе бидеме многу успешни", изјави Робертсон за веб-страницата на Ливерпул.

Клубот не откри детали за новиот договор, но, според весниците, Робертсон потпишал нов 5-годишен договор, кој практично ќе го задржи на „Енфилд“ до 2024 година.

Најново во Меѓународен Фудбал