ФУЛАМ ПОВЕДЕ, ПА СЕ „РАСПАДНА“ ПРЕД КАРДИФ

Премиерлига: Тотенхем со минималец, „граѓаните“ без милост! (ФОТО+ВИДЕО)

Манчестер Сити и понатаму не знае за пораз оваа сезона, овојпат на домашен терен со 5:0 го декласираше тимот на Барнли за враќање на врвот со 23 бодови, два повеќе од второпласираниот Челзи кој денеска во дербито на „Стемфорд Бриџ" ремизираше 2:2 со Манчестер Јунајтед.

објавено: 20 октомври 2018 - 18:18

За седмиот триумф на „граѓаните" во Премиерлигата најазаслужни беа Агуеро, Силва, Фернандињо, Марез и Сане кои по еднаш се запишаа во листата на стрелците.

Еве еден интересен податок кога станува за „граѓаните", тие не загубиле во терминот од 16:00 часот веќе 34 натпревари по ред, односно досега имаат учинок од 30 победи и четири нерешени средби.

Тотенхем исто така ја запиша седмата победа во најквалитетната англиска лига на гостувањето кај Вест Хем (0:1) после погодокот на Ламела во 44. минута откако беше пронајден од Сисоко.

Премиерлига, 9. коло

Сабота:

Челзи-Манчестер Јунајтед 2:2

Борнмут-Саутемптон 0:0
Кардиф-Фулам 4:2
Манчестер Сити-Барнли 5:0
Њукасл-Брајтон 0:1
Вест Хем-Тотенхем 0:1
Вулверхемптон-Ватфорд 0:2

18:30 часот
Хадерсфилд-Ливерпул

Табела:

1.Манчестер Сити 23 бодови
2.Челзи 21
3.Тотенхем 21
4.Ливерпул 20
5.Арсенал 18
--

Најново во Меѓународен Фудбал