На 82-годишна возраст, почина Гордон Бенкс, еден од најдобрите голмани на Англија. Со англиската репрезентација го освои Мундијалот 1966 година. Четири години подоцна на СП во Мексико „блескаше" откако му го одбрани ударот на Пеле. Таа одбрана се смета за една од најдобрите во историјата на фудбалот.
Статистички Бенкс е најдобар голман во историјата на Светските првенства. Од 62 голмани кои бранеле на осум и повеќе натпревари во големите натпреварувања, Банкс има најмалку примени голови. Голови примал на секој 210 минути.
Во клупската кариера бранеше за Честерфилд, Лестер, Стоул, Кливленд Стокер, Хеленик и Сент Патрик.