Вест Хем сепак ќе попушти

Пелегрини: Ако сака Арнаутовиќ може да си оди!

Пресврт во ставот на „чеканите“ околу можното заминување на австрискиот голгетер.

објавено: 18 јануари 2019 - 14:00

Вест Хем е подготвен да се раздели со Марко Арнаутовиќ доколку стигне некоја добра понуда. Ова го тврди менаџерот на тимот Мануел Пелегрини, кој пред само неколку дена изјавуваше дека голгетерот нема шанси да си замине. Очигледно последната ситуација со Австриецот и неговото инсистирање да си замине, ги смени размислувањата и кај чилеанскиот стратег.

„Сопствениците никогаш не ме притискале за тоа дали да го продадам Марко Арнаутовиќ. Мислам, сепак, дека менаџерот треба да размисли добро и да најде решение кое е доволно добро и за играчот и за клубот. Ако договорот е добар за двете страни, ние ќе го пуштиме да си оди. Вистината е дека не сакаме да го продадеме, но ако тој сака да си оди, нема како да го задржиме“, изјави менаџерот Мануел Пелегрини.

Интерес за австриецот има од кинески Шангај СИПГ кој предложи 35 милиони фунти, но таа понуда беше одбиена, иако според многумина поголема сума од оваа Вест Хем за него нема да добие. Сега се очекува да се обноват контактите и Арнаутовиќ повторно да се обиде со заминување во Кина.

Најново во Меѓународен Фудбал