ЌЕ СЕ РАЗДЕЛИ СО БАРСЕЛОНА ПОРАДИ МАЛАТА МИНУТАЖА

Откриен поради еден „лајк“: Денис Суарез оди во Арсенал!? (ФОТО)

Шпанскиот фудбалер до крајот на зимскиот преоден рок се очекува да го напушти каталонскиот гигант...

објавено: 20 јануари 2019 - 12:00

Денис Суарез не е задоволен од минутажата која ја има на „Камп Ноу", и се погласни се шпекулациите дека ќе се раздели со Барселона на крајот од јануари.

Овој играч за врска најмногу се поврзува со трансфер во Арсенал и гласините велат дека веќе се „договорил" со лондонскиот клуб.

Иако Барса не сака да се откаже од неговите услуги и нема намера да го пушти за помалку од 15 милиони евра колку што и нуди Арсенал. Но, шпанските медиуми пренесуваат дека во наредните денови сите детали официјално ќе бидат завршени.

Дека нешто се „случува", докажа и Суарез кој се најде во центарот на вниманието само поради еден „лајк" на „Инстаграм". Имено, тој после дербито во Премиерлигата меѓу Арсенал и Челзи (2:0) му се допадна една фотографија на која се наоѓа Александр Лаказет и која покажува дека „топчиите" се враќаат во форма после победата над градскиот ривал.

Најново во Меѓународен Фудбал