„ТОПЧИИТЕ“ ЈА ПРОДОЛЖИЈА ОДЛИЧНАТА СЕРИЈА НА РЕЗУЛТАТИ

НОВА ЕРА: Арсенал како пред 11 години, Обамејанг и стариот добар Озил! (ФОТО+ВИДЕО)

Избраниците на менаџерот Унаи Емери после пресврт со 3:1 (1:1) успеаја да го совладаат составот на Лестер на својот „Емирати" стадион во рамките од деветтото коло во најсилната англиска фудбалска лига.

објавено: 22 октомври 2018 - 23:05

Во 31. минута, Чилвел бега по левата страна, се обиде левиот бек на Лестер да уфрли топката пред голот на ривалот, но Белерин ја потфати и ја испрати во сопствената мрежа, 0:1 за „лисиците".

Непосредно пред паузата после едно убаво двојно додавање Озил со прецизен удар од казнетиот простор го матираше Шмајхел, со мала помош на стативата.

Во вториот дел сите дилеми околу победникот ги реши интернационалецот од Габон, Пјер-Емерик Обамејанг кој во период три минути двапати се запиша во листата на стрелците.

На тој начин Арсенал врза седум победи по ред во Премиерлигата, 10 во сите натпреварувања, за прв пат после 2007. година.

Премиерлига, 9. коло

Арсенал-Лестер 3:1 (Озил 45', Обамејанг 63', 66'/Белерин 31' автогол)

Табела:

1.Манчестер Сити 23 бодови
2.Ливерпул 23
3.Челзи 21
4.Тотенхем 21
5.Арсенал 18
--

Најново во Меѓународен Фудбал