Португалецот незадоволен од клупата

Мурињо за резервите: Сакавте да играте, еве што покажавте!

Откако резервистите на Јунајтед не успеаја да ја искористат добиената шанса на мечот со Валенсија во ЛШ.

објавено: 13 декември 2018 - 17:10

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, беше крајно разочаран од начинот на кој неговите стартни 11 на вчерашниот меч со Валенсија го одиграа последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите. Јунајтед загуби со 2:1 и заврши како втор зад Јувентус.

„Секако дека очекував повеќе од моите играчи, особено од оние кои играат поретко. Тие постојано ме прашуваат зошто не се теренот, зошто не се во првиот тим. Еве, овој натпревар беше идеален за докажување, бидејќи немаше тензии, а им али некој кој не сака да игра во Лигата на Шампионите?. И што се случи, игравме добро во втората половина, кога направив три смени и почнав да играм со фудбалери кои воопшто не сакав да ги ставем денеска“, изјавил Мурињо.

Најново во Меѓународен Фудбал