Младиот Холанѓанец кој импресионира на „Олд Трафорд“

Манчестер Ј. го има новиот Дејвид Бекам (ВИДЕО)

Уште еден фантастично изведен слободен удар ги потсети фановите на Јунајтед на славните денови на Бекам.

објавено: 12 јануари 2019 - 19:00

Манчестер Јунајтед може да се пофали дека наскоро ќе го има и новиот Бекам во својот прв тим. Имено, младиот Холанѓанец Тахит Чонг, кој веќе во неколку наврати се најде и во сениорскиот тим на Јунајтед под водство на Жозе Мурињо, продолжи да ги воодушевува фановите на тимот од „Олд Трафорд“ со своите настапи за младионскиот тим.

Мурињо во неколку наврати го поведе со првиот тим,но Чонг не доби вистинска шанса. Младиот Холанѓанец дојде во Јунајтед пред скоро 3 години од екипата на Феенорд, па покажа дека управата на англискиот клуб не погреши што го зема во својот подмладок. Чонг постигна еден фантастичен погодок од слободен удар и најави дека Јунајтед конечно ќе добие вистински наследник на легендарниот Дејвид Бекам. 

Најново во Меѓународен Фудбал