Вечер на пресврти во Премиер Лигата

Ливерпул до победа над Барнли, Челзи се „лизна“ кај Волфс (ВИДЕО)

Челзи ја гиби битката за врвот по најновиот пораз на гостувањето кај Вулверхемптон.

објавено: 5 декември 2018 - 22:51

Фудбалерите на Ливерпул со пресврт славеа со 3:1 на гостувањето кај Барнли и натаму остануваат рамо до рамо со Манчестер Сити на врвот во англиската Премиер лига. Во полза им оди и вечерашниот неочекуван пораз на Челзи на гостувањето кај Вулверхемптон од 2:1 со што „сините“ се оддалечија од „црвените“ цели 8 бода.

Ливерпул почна со многу промени во стартниот тим, што резултираше со слаба реализација. Барнли ја искористи првата мешаница пред голот на Алисон во вториот дел за да го отвори резултатот со голот на Корк во 54. минута. Следуваа неколку промени од клупата на Ливерпул и една бомба од далечина на Милнер за израмнување во 62. минута. Само неколку минути подоцна, Фирмино во 69. минута ги доведе гостите во водство, за конечните 3:1 да ги постави Шаќири во судиското продолжение.

Челзи непријатно беше изненаден на гостувањето кај Вулверхемптон. Иако со голот на Лофтус-Чик „сините“ водеа на полувреме, во вториот дел со головите на Хименес и Жота во период од само неколку минути, Волфс направи целосен пресврт за голема победа.

Во останатите денешни дуели од тековното коло, Евертон ремизираше со Њукасл (1:1), а Фулам исто така одигра нерешено како домаќин против Лестер (1:1). 

Најново во Меѓународен Фудбал