НОВО ЗАСИЛУВАЊЕ МЕЃУ „ЛИСИЦИТЕ“

Лестер мисли дека сите Алжирци се како Марез

Англискиот Лестер го доведе Алжирецот Рашид Гезал од Монако за 10 милиони фунти

објавено: 6 август 2018 - 11:45

Овој 26-годишен крилен фудбалер според очекувањата би требало да биде наследник на својот сонародник Ријад Марез кој ова лето се пресели во Манчестер Сити.

Гезал својата кариера ја започна во Лион пред да направи трансфер во Монако. На 33. натпревари лани постигна само два гола.

Тој е петтото засилување кај Клод Пуел во редовите на премиерлигашкиот клуб, после голманот Дени Ворд, дефанзивците Рикардо Переира и Џони Еванс и фудбалерот за врска Џејмс Медисон. Премиерлигата официјално ќе започне в петок.

Најново во Меѓународен Фудбал