„Кинг Пауер“ Арената ќе го смени името

Лестер ќе го преименува стадионот во чест на загинатиот сопственик

Синот на Шриваданапраба ќе се сретне со извршниот директор Сузан Велан за да разговараат за можноста за преименување на стадионот во чест на неговиот татко.

објавено: 30 октомври 2018 - 12:15

Англискиот премиерлигаш Лестер Сити може да го преименува својот стадион „Кинг Пауер“ арена со името на трагично починатиот сопственик на клубот.

Според англсики извори, синот на Шриваданапраба ќе се сретне со извршниот директор Сузан Велан за да разговараат за можноста за преименување на стадионот во чест на неговиот татко. Исто така, синот на починатиот претседател ќе стане в.д. претседател на „лисиците“.

Пред три дена во хеликоптерска несреќа животот го загуби сопственикот Лестер заедно со уште 4 други лица.

Најново во Меѓународен Фудбал