Германецот има само една мисија

Клоп: Сакам да бидам шампион, второто место е еднакво на ништо!

Германецот нема илузии дека единственото нешто што како мисија го има пред себе е да ја донесе шампионска титула на „Енфилд“. 

објавено: 12 октомври 2018 - 11:15

Менаџерот на екипата на Ливерпул, Јирген Клоп, за време на репрезентативната пауза, зборуваше за неговата желба да освои трофеи со црвените.

„Никој не сака да се сеќава на вас по 10 или 20 години и да каже дека во ерата на Клоп, тој беше најдобриот, бидејќи беше забавно со него и така натаму. Ова не е она што сакам да го постигнам. Сега освојувањето трофеј е многу потешко отколку порано. Можеби сега е најдобриот момент за нас во последниве години, но другите клубови исто така ги имаат истите амбиции. Во голема мера тоа ги отежнува и комплицира работите за нас и нашата позиција“, вели Клоп.

За второто место и вицешампионскат атитула, Германецот додава:

„Во повеќето спортови, ќе добиете почесен сребрен медал за второ место, на пример на Олимписките игри. Во фудбалот, тоа второ место не значи ништо. И за мене тоа е исто така - ништо. Сакам да победам и знам дека тоа е моја одговорност. Ставив сѐ во мојата работа - знаење, страст, срце, искуство - и сакам да бидам шампион", изјавил Клоп.

Најново во Меѓународен Фудбал