ПРЕМИЕРЛИГА, НАЈАВА ЗА НОВАТА СЕЗОНА 2018/19

ЌЕ ПРОДОЛЖИ ЛИ ДИНАСТИЈАТА НА „ПЕП ГВАРДИОЛА“? (ФОТО+ВИДЕО)

Како што се предвидуваше, тоа и се оствари на крајот од минатата сезона кога навистина убедливо дојде екипата која најмногу се засили, а станува збор за Манчестер Сити предводен од Пеп Гвардиола, кој после 38. одиграни кола дојде и до таа магична бројка од 100 освоени бодови.

објавено: 10 август 2018 - 15:45

Токму поради тоа „граѓаните" и оваа сезона важат за главен фаворит, особено бидејќи не го менуваа премногу составот, а покрај тоа се и поискусни за една година. Како нивни најголеми ривали овој пат го гледаме Ливерпул, кој се засили со неколку одлични играчи и зад себе има одлична сезона во Лигата на шампионите каде стигна дури до финалето.

Освен овие два тима, во најтесниот круг на фаворити секако се наоѓаат уште Манчестер Јунајтед на Жозе Мурињо и трите лондонски великани, со тоа што Тотенхем скоро ништо не менуваше ова лето.

Челзи и Арсенал после поприлично лански неуспешни сезони, освен одредени играчки промени, одлучија да доведат и нови менаџери, така што после долго време на премиерлигашките терени нема да го гледаме легендарниот Арсен Венгер.

Во петок тргнува караванот со првиот дуел на „Олд Трафорд" помеѓу Манчестер Јунајтед и Лестер. Подгответе се за нови возбудувања, голема жар и борба достојна за почит.

Премиерлига (2018/19)
1. коло, двојки:

10. август, петок (21:00 ч.)
Манчестер Јунајтед-Лестер

11. август, сабота (13:30 ч.)
Њукасл-Тотенхем

(16:00 ч.)
Борнмут-Кардиф
Фулам-Кристал Палас
Хадерсфилд-Челзи
Вотфорд-Брајтон

(18:30 ч.)
Вулверхемптон-Евертон

12. август, недела (14:30 ч.)
Ливерпул-Вест Хем
Саутемптон-Барнли

(17:00 ч.)
Арсенал-Манчестер Сити

-„ГРАЃАНИТЕ" НЕМА ДА СЕ ЗАДОВОЛАТ САМО СО 5 ТИТУЛИ, ЈА САКААТ СЛАВАТА НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД-

Експертите во Англија веќе зборуваат за почетокот на династијата „Сити" поради квалитетот на „граѓаните". Последниот тим кој успеа да ја одбрани титулата пред 10 години е Манчестер Јунајтед кој триумфираше во три последователни сезони 2006-09.

-МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД - 20 ТИТУЛИ
-ЛИВЕРПУЛ - 18 ТИТУЛИ
-АРСЕНАЛ - 13 ТИТУЛИ
-ЕВЕРТОН - 9 ТИТУЛИ
-АСТОН ВИЛА - 7

-КОЛКУ ПАТИ ШПАНСКИОТ СТРАТЕГ СЕ ИСКАЧИЛ НА ТРОНОТ-

Во четири сезони со Барселона освои 14 титули: три во Примера, два во Купот, три во Суперкупот, две во Лигата на шампионите, два во европскиот Суперкуп и двапати го покори Светското клупско првенство.

Потоа, во три години со Баерн Минхен додаде уште седум трофеи: три во Бундеслигата, два во купот, по еден во европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство.

Севкупно има 24 титули во кариерата, ќе ги додадеме и останатите три: во две сезони ја освои лани Премиерлигата, Лига купот, а ова лето Комјунити Шилд. Сега сите очекуваат сезонава повторно да се искачи на тронот во ЛШ.

Најново во Меѓународен Фудбал