БРАЗИЛЕЦ ДОАЃА НА „ОЛД ТРАФОРД“

Јунајтед договори Бразилец од Шахтјор

Во наредните денови Жозе Мурињо ќе го добие првото летно засилување, а тоа е Бразилец кој доаѓа од редовите на украинскиот Шахтјор Доњецк

објавено: 24 мај 2018 - 21:15

Манчестер јунајтед е многу блиску до потписот на бразилскиот репрезентативец Фред. Авторитетните англиски медиуми соопштија дека Фред кој е играч за врска ќе потпише со вицепрвакот на Англија во наредните денови.
Фред беше цел на Јунајтед и во зимскиот преоден рок но тогаш не дојде до договор со неговиот клуб Шахтјор.

Преговорите малку се одолговлекоа затоа што играчот има откупна клаузула од 60 милиони евра, но Манчестер се договорил со украинскиот клуб за помала сума, a во корист му одело и тоа што Бразилецот не сакал да го продолжи договорот со Шахтјор.

Тој би бил одлично засилување и замена за Мајкл Карик и Маруан Фелаини кој ќе го напуштат клубот.
Јунајтед најверојатно ќе остане без Дејли Блинд, Матео Дармијан, Антони Марсијал, Лук Шо и Крис Смолинг, па Мурињо летово ќе има сериозна задача и ќе треба да најде квалитетни одбранбени фудбалери, а мисијата тие да се донесат што е можно порано ќе биде потешка поради претстојното Светско првенство во Русија.

Најново во Меѓународен Фудбал