ШТО ПЛАНИРА ШПАНСКИОТ МЕНАЏЕР?

Гвардиола спрема нешто специјално за крај!?

Тим преполн со ѕвезди, одлично склопен, но тука не е крајот...

објавено: 3 август 2018 - 21:30

Навивачите на Манчестер Сити не навикнаа на ваков тивок клуб во преоднит рок.

Го ангажираа Марез за 60 милиони фунти, ја загубија трката за Жоржињо и тоа би било тоа. Го доведоа и младиот Сендлер од холандскиот Цволе, но тој е тука за во иднина, ако некогаш добие шанса во овој Сити.

Менаџерот на „граѓаните" и пред почетокот на летниот преоден рок истакна дека му е потребен силен напаѓач или заден играч за врска. Еве ја неговата последна изјава на шпанскиот стратег:

„Ќе видиме. Можеби ќе биде тоа еден трансфер до крајот на преодниот рок, но тоа би бил специјален играч, не екстра, туку специјален".

Претходно се шпекулираше дека со тимот од „Етихад" се поврзуваа Ковачиќ и Пјаниќ, но нивните клубови бараа премногу пари кои моментно Шпанецот не може да ги одвои.

Најново во Меѓународен Фудбал