СТАРТ ОД СОНИШТАТА

Го препороди Јунајтед и изедначи рекорд стар 73 години

„Рекордот ќе биде запишан во книгите, но јас воопшто не мислам на тоа“, изјави по мечот Оле Гунар Солскер.

објавено: 3 јануари 2019 - 09:30

Четири натпревари и четири убедливи победи забележа Манчестер Јунајтед по доаѓањето на Оле Гунар Солскер. „Црвените ѓаволи“ вчера го совладаа Њукасл на гостински терен со 2-0 во рамките на 21. коло во Премиер-лигата.

Фудбалерите на Јунајтед постигнаа 14 гола во само четири меча по заминувањето на Жозе Мурињо и на теренот делуваат како нов тим.

Солскер со четирите победи во низа урна рекорд стар 73 години, кој беше во сопственост на легендарниот Мет Басби, кој во првиот шампионат во Англија по Втората светска војна, во сезоната 1946/47 го водеше тимот до четири триумфи.

„Рекордот ќе биде запишан во книгите, но јас воопшто не мислам на тоа. Во моментов мислам на следниот меч, победите на четири натпревари во низа се знак дека можеме да победиме уште на четири. Ова е филозофијата на клубот“, изјави по мечот Солскер.

Она што е интересно е што ниту еден друг менаџер не успеал да има ваков почеток, ниту пак легендарниот Алекс Фергусон. Искусниот стратег на клупата на Јунајтед во сезоната 1986/87 беше поразен од Оксфорд, а потоа забележа реми против Норвич, па друи во третиот дојде до победа.

Манчестер во моментот е на шестото место на табелата со 41 бод, три помалку од Арсенал кој се наоѓа на петата позиција во Премиер-лига.

Најново во Меѓународен Фудбал