Легендата на „црвените“ со свој став

Фаулер: Салах нема шанси да ја повтори минатата сезона

„Не велам дека тој има лоша сезона досега. Тој се уште е добар играч, тој се уште е одличен играч, но да се повтори она што го стори минатата година ќе биде неверојатно“.

објавено: 10 октомври 2018 - 21:30

Легендата на Ливерпул, Роби Фаулер, во интервју за ангиски „Скај Спортс“ изјави дека верува дека Мохамед Салах ќе се врати на познатата голгетерска форма, но не очекува Египќанецот да ги повтори реализаторските можности од минатата сезона.

Салах постигна 44 гола на сите натпреварувања за Ливерпул минатата сезона и ја доби наградата за играч на годината. Оваа сезона, Салах досега успеа да постигне само три гола во 11 натпревари, што е само половина од она што го имаше во оваа делница од сезоната минатата година.

„Не велам дека тој има лоша сезона досега. Тој се уште е добар играч, тој се уште е одличен играч, но да се повтори она што го стори минатата година ќе биде неверојатно. Мислам дека наскоро ќе ги видиме неговите нови голови. Она што ми се допаѓа кај него е тоа што неговата работна етика е брилијантна, тој не избегнува ништо. Единствено би се загрижил ако не добие шанса“, смета Фаулер.

Најново во Меѓународен Фудбал