ЖЕСТОКА КАЗНА ЗА „КАРАМЕЛИТЕ“

Евертон со две годишна забрана за трансфери!!!

Во Англија се навистина ригорозно по ова прашање. Како што пренесуваат тамошните медиуми, Евертон доби забрана за трансфери и парична казна во износ од половина милион фунти.

објавено: 8 ноември 2018 - 19:28

Причина за ова е преговарањето со младите играчи кои веќе биле под договор со друг клуб, секако без знаење на тимот за чиј играч станува збор, т.н. „tapping up".

Забраната за трансфери на сета среќа не се однесува директно на првиот тим, „карамелите" во наредните две години нема да можат да потпишуваат играчи (академски) помеѓу 10 и 18 години.

Од друга страна, јасно е тоа дека од „Гудисон" излегоа многу вредни таленти, најпознат од нив е Вејн Руни, а во екипата моментно се наоѓа Том Дејвис, Доминик Калверт-Луин, Мејсон Хогејт, како и Адемола Лукман, кој легендарниот Стив Волш го доведе од Чарлтон.

Сепак, нема да можат во наредните две години да купуваат бисери на англискиот фудбал, поради споменатата казна.

Најново во Меѓународен Фудбал