ТРЕТО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА „ТОПЧИИТЕ“ ОВА ЛЕТО

Ете го и Сократис во Арсенал

Конечно, грчкиот репрезентативец го стави потписот на договорот со Арсенал

објавено: 2 јули 2018 - 20:14

„Топчиите" го претставија третото засилување за ова лето. Тоа е грчкиот репрезентативец Сократис Папастатопулос кој доаѓа од редовите на Борусија Дортмунд. Зделката е вредна 17,6 милиони фунти.

Тој е третото засилување за лондонскиот клуб ова лето по Стефан Лихтштајнер и Бернд Лено. Сократис го одбра бројот 5 и е третиот поранешен играч на Борусија кој во една година преминува на „Емирати" по Хенрик Мхитарјан и Пјер-Емерик Обамејанг.

Најново во Меѓународен Фудбал