БЛИСКУ Е ИЗЛЕЗОТ ОД „ЕМИРЕЈТС" ЗА ГЕРМАНЕЦОТ

ЕМЕРИ ИМА НАМЕРА: Се откажува од Озил?

Два дена откако Месут Озил повторно беше изоставен од протоколот за мечот со Вест Хем, англиските медиуми пишуваат дека германскиот репрезентативец лесно би можел да го напушти Арсенал, и тоа во јануари...

објавено: 15 јануари 2019 - 15:45

Во актуелната сезона Месут Озил не игра стандардно, а долго време се зборува за неговите лоши партии и слабо залагање. Германецот со турско потекло играше 13. мечеви во Премиер лигата оваа сезона. Постигна три гола со една асистенција, и иако неодамна ја доби подршката од менаџерот Унаи Емери, го пропушти последниот дуел против „чеканите" одигран во Лондон.

После тој меч менаџерот на Арсенал, Унаи Емери кажа дела „Озил не го заслужил местото ниту на клупата", а англиските медиуми пишуваат дека менаџерот на „тобџиите" сака Арсенал да заработи на продажбата на Озил, за да донесе свои засилувања.
Меѓу нив би требало да биде фудбалерот на Барселона, Денис Суарез. Но таа работа веројатно нема да може да биде завршена се додека не си замине Озил.
Инаку, повремениот капитен на Арсенал има голема плата, и тоа од 350.000 фунти неделно, што би можело да ја комплицира продажбата. Па логично е дека досега раководството на тимот од „Емирејтс" досега сеуште не добило понуда за овој фудбалер.

Најново во Меѓународен Фудбал