Лондончани се на потег

Челзи ќе го урне рекордот со новата плата на Канте

Рекордни 17 милиони евра годишно ќе му исплаќаат „сините“ на францускиот играч за врска.

објавено: 20 ноември 2018 - 19:50

Челзи е подготвен да го продолжи договорот со играчот Н'Голо Канте и тоа со рекордна плата која Французинот ќе ја добива за престојот на „Стемфорд Бриџ“. Актуелниот договор на Канте со Челзи истекува во јуни 2021 година, но „сините“ инсистираат да ја осигураат неговата иднина во тимот со нов, подобрен договор.

Информациите од Англија велат дека Челзи се плаши од евентуално заминување на францускиот играч за врска, па затоа се подготвени да му понудат рекордна плата во тимот. Некои гласини велат дека „сините“ се подготвени да му понудат на фудбалерот нов долгорочен договор со годишна плата од 17 милиони евра, што ќе биде рекорд во историјата на клубот.

Канте се пресели во Челзи во 2016 година и веќе се наметна како еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата.

Најново во Меѓународен Фудбал