Каталонците го ставаат Челзи во искушение

Барса со предлог: 50 милиони фунти плус Малком во замена за Вилијан

Сари треба добро да размисли, но со оглед на тоа што Вилијан веќе има 30 години, ова е одлична понуда за него.

објавено: 10 јануари 2019 - 22:30

Барселона му понудила на Челзи кеш и плус уште еден фудбалер, само да го добие Бразилецот Вилијан, објавиј авечерва англиските медиуми.

Шпанскиот гиганти е заинтересиран за офанзивниот играчот од средниот ред на „сините“, и веќе ставил на маса сума од 50 милиони фунти. Од оваа сума, Барса е подготвени да плати 38 милиони фунти на лето, кога го очекува Вилијан во својот тим, а згора на тоа да го испрати младиот Малком во дресот на лондончани.

Поранешната ѕвезда на Бордо, Малком потпиша за тимот од „Камп Ноу“ минатото лето, но не успеа да се докаже во дресот на каталонците. Овој потег на Барселона е интересен и примамлив за Челзи, ако се знае дека Вилијан веќе има 30 години, а за него и понудената сума и замената во Малком е навистина одлична.

Најново во Меѓународен Фудбал