Клупски извори тврдат:

Азар ќе потпише нов 2-годишен договор со Челзи

објавено: 25 септември 2018 - 11:45

Извори блиски до екипата на Челзи, денеска соопштија дека Еден Азар наскоро ќе стави потпис на нов 2-годишен договор со лондонските сини. Како што објавија повеќето британски весници, Челзи и агентот на Азар веќе имаат постигнато согласност околу условите за продолжената соработка.

Сегашниот договор на белгискиот репрезентативец со лондончани истекува во 2020 година, а со новиот кој треба да биде парафиран наскоро, Азар ќе остане на „Стемфорд Бриџ" заклучно со 2022 година.

27-годишниот Азар на шест натпревари од Премиер Лигата оваа сезона веќе има 5 постигнати голови и две асистенции. Реал (М) е тимот кој сериозно се обидуваше да го донесе во своите редови, но очигледно по потпишувањето на новиот договор Челзи е успее да ги оттргне интересите на шпанскиот гигант од својот најдобар фудбалер.

Најново во Меѓународен Фудбал