КЛУБОТ НА АЛИОСКИ ДОБИ НОВ СПОНЗОР

Американски долари се слеаа во Лидс

Инвестициската компанија „49 Ентерпрајсес", која е поврзана со клубот по американски фудбал „Сан Франциско 49-ерс" е купи дел од акциите на англискиот Лидс Јунајтед

објавено: 24 мај 2018 - 18:36

„Склучивме договор за стратешко партнерство со инвестициската компанија 49 Ентерпрајсес. Средствата ќе бидат искористени за потребите за засилувања", соопштија од второлигашкиот англиски тим.

Лидс заврши на 13. место во Чемпионшип минатата година, а клубот беше англиски првак во 1992 година. Лидс е и вицепрвак на Европа од 1975 година.
За овој клуб од минатото лето игра македонскиот интернационалец Езџан Алиоски кој имаше успешна сезона, а негов гол беше прогласен за најубав сезонава од страна на навивачите.

Најново во Меѓународен Фудбал