Извлечени двојките за следната рунда

Алиоски и Лидс против КПР во 3. коло од ФА Купот

„Црвените“ ќе мораат на гости кај Вулверхемптон, додека Лидс Ј. на нашиот Езџан Алиоски ќе игра на кости против КПР, ривалот од Чемпионшип лигата.

објавено: 3 декември 2018 - 22:09

Фудбалерите на Ливерпул добија веројатно најтежок противник од сите премиерлигашки тимови во 3. коло од англискиот ФА куп. На ждрепката вечерва, „црвените“ на Јирген Клоп за противник го добија премиерлигашкиот ривал Вулверхемптон, кој ќе биде домаќин на оваа пресметка на својот стадион.

За разлика од Ливерпул, Арсенал за противник го доби подобриот од возвратниот дуел меѓу Солихал Мурс и Блекпул, а Челзи ќе игра дома против екипата на Нотингем Форест. Тотенхем за пласман во следната фаза ќе мора да го помине подобриот од дуелот Tранмере-Саутпорт, додека екипата на Манчестер Ј. ќе биде домаќин на дуел со второлигашот Ротерам.

Дуелите од ова 3. коло ќе се одиграат во периодот од 4 до 7 јануари.

ФА КУП - 3. КОЛО

Болтон - Волсал/Сандерленд

Милвол - Хал

Гилингам - Кардиф

Брентфорд - Оксфорд

Шефилд В. - Лутон

Манчестер Ј. - Рединг

Евертон - Линколн

Tранмере/Саутпорт - Тотенхем

Престон - Донкастер

Њукасл - Блекбурн

Челзи - Нотингем Форест

Кристал Палас - Гримсби

Дерби - Саутемптон

Акрингтон - Ипсвич

Бристол Сити - Хадерсфилд

Рексам/Њупорт - Лестер

Фулам - Олдам

Шрусбери - Стоук

Солихал Мурс/Блекпул - Арсенал

Манчестер Сити - Ротерам

Бурнемут - Брајтон

Вест Хем - Бирмингем

Вокинг - Ватфорд

Барнли - Барнсли

КПР - Лидс

Шефилд Ј. -Барнет

Норвич - Портсмут

Гислеј/Флитвуд - Вимблдон

ВБА - Виган

Мидлзборо - Питерборо/Брадфорд

Вулверхемптон - Ливерпул

Астон Вила - Свонси

Најново во Меѓународен Фудбал