„СТАРАТА ДАМА“ БРКА НОВИ ТИТУЛИ

АЛЕГРИ НА СЛАТКИ МАКИ: Како ќе изгледа Јуве со Роналдо? (Фото)

Амбициите на италијанскиот шампион со ангажирањето на португалската ѕвезда драстично ќе бидaт зголемени во пресрет на новата сезона.

објавено: 11 јули 2018 - 21:15

Освен што повторно „Старата дама" ќе биде фаворит да ја одбрани титулата во Серија А, сега со Кристијано Роналдо можно е по подолго време да се врати и на европскиот трон.

Тренерот Алегри ќе биде на „слатки маки" во состувањето на идеалните 11 играчи кои ќе ја понесат играта во мечевите, а без сомнение сега погледите ќе бидат насочени кон Роналдо, како и вообичаено досега.

На голманската позиција би бил Шчесни, во одбраната Сандро, Кјелини, Бенатија и Кансело, потоа во средниот ред Матуиди, Џан и Пјаниќ, а Дибала ќе им помага на Роналдо и Манџукиќ.

Најново во Меѓународен Фудбал