ЗА „КРАЛЕВИТЕ“ БИ БИЛА ЧЕТВРТА СВЕТСКА ТИТУЛА

Ако Реал го освои Светското клупско првенство, ќе ја надмине Барселона!

Фудбалерите на европскиот шампион го започнаа настапот на Светското клупско првенство во Абу Даби. Ако овој месец Реал успее во Абу Даби да ја оправда фаворитската улога, тогаш ќе избие на чело на табелата на вечната листа.

објавено: 19 декември 2018 - 21:00

„Кралевите" ја освојуваа Лигата на шампионите три пати по ред, па ова им е трето по ред учество на Светското клупско првенство и секако можност да се дојде и до третиот трофеј во низа.

Реал Мадрид доаѓаше до светскиот врв во 2014., 2016. и 2017. година, а три светски титули и има и неговиот лут ривал, Барселона.

Зад Барселона и Реал по бројот на титули на Светското клупско првенство се наоѓа Коринтијанс кој собра досега две. Треба да се додаде уште дека Барса има едно загубено финале, додека Реал никогаш не бил поразен.

Во финалето на Светското клупско првенство во Абу Даби, Реал ќе ги одмери силите против екипата на Ал Аин.

Најново во Меѓународен Фудбал