ВО НОВИ САД Е СОБРАНА КАДЕТСКАТА ЕЛИТА

СИСТЕМОТ ВЕЛИ: Сите имаат шанса во шеснаесетфиналето!?

Паралелно со вобудувањата во Сараево, во блискиот Нови Сад се играат натпреварите од „А" Дивизијата за кошакари „Под 16" години.

објавено: 14 август 2018 - 14:45

И за разлика од сараевскиот турнир, на овој се игра по еден малку поинаков систем, во кој сите 16 репрезентации кои се присутни на шампионатот, обезбедуваат место во шеснаесетфиналето.
Секако по првите три одиграни кола се формираа и натпреварувачките двојки – вкупно осум, од кои понатаму ќе се формираат четвртфиналните, полуфиналните двојки, а на крајот ќе го добиеме и новиот кадетски шампион на Европа.


Согласно со постигнатите резултати во првата групна фаза од натпреварите кои се играат во двете сали на СЦ „Спенс", за место во четвртфиналето ќе се премине преку овие осум натпреварувачки двојки од 1/16 финалето.
Од друга страна, селекциите кои во понатамопните елиминациски натпревари ќе се пласираат од 14. до 16. позиција го губат прволигашкиот статус и во наредната сезона ќе играат во „Б" Дивизијата.

ДВОЈКИ - 1/16 ФИНАЛЕ

Израел – Летонија
Хрватска – Италија
Литванија – Холандија
Турција – Грузија
Србија – Словенија
Естонија – Грција
Шпанија – Црна Гора
Франција - Германија

Најново во Кошарка