МКФ ГИ ПОТВРДИ НАЈАВИТЕ НА „СПОРТМЕДИА“

СЕГА Е ОФИЦИЈАЛНО: Македонија ќе го нагости Косово во Гевгелија

Македонската кошаркарска репрезентација квалификацискиот дуел против Косово ќе го одигра во салата „26 април" во Гевгелија. 

објавено: 6 ноември 2018 - 17:11

Најавите на „СПОРТМЕДИА“ пред малку добија потврда од МКФ. Нашата најдобра кошаркарска репрезентација квалификацискиот дуел со Косово закажан за втори декември ќе го игра во спортската сала  „26 април" во Гевгелија. 

„Претседателот на македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски, заедно со градоначалникот на Гевгелија, Господинот Сашко Поцков ја официјализираа соработката помеѓу двете страни која ќе резултира со одигрување на натпреварот од претквалификациите за Евробаскет 2021 на сениорите против Косово, закажан за 2 декември, недела со почеток во 20 часот и 15 минути.

Градот Гевгелија, конкретно спортската сала „26 април" ќе биде домаќин на нашата сениорска репрезентација која ќе се обиде да запише трета победа во низа во оваа фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021.

Македонската кошаркарска федерација сака да му се заблагодари на Градоначалникот Поцков, како и на градот Гевгелија за подадената рака како и за условите на одигрување на натпреварот - од комплексот хотели до спортската сала. Ја цениме иницијативата на градоначалникот како и залагањето за да се оствари оваа соработка кое го покажа во изминатиот период. Со нетрпение го очекуваме 2. декември“, се вели во соопштението на МКФ. 

Најново во Кошарка