СЛУЧАЈ „НЕНАД ДИМИТРИЈЕВИЌ“

Пресудата била во некоја фиока од 10.септември?!

Звучи во најмала рака чудно, но пресудата која е изречена во овој случај е со некој поодамнешен датум. Иако неофицијално, а во разговорот со семејството на Ненад, дознаваме дека истата била изречена уште на 10. септември.

објавено: 4 октомври 2018 - 12:00

Звучи во најмала рака чудно, но пресудата која е изречена во овој случај е со некој поодамнешен датум. Иако неофицијално, а во разговорот со семејството на Ненад, дознаваме дека истата била изречена уште на 10. септември.
Значи пред неполн месец од седницата на УО на МКФ, на која сето тоа има, добива официјален карактер.
Прашањето е зошто се чекало толку долго време за да биде обелоденета.
Дали се чека (ло) на потврда од УО на она што веќе го одлучила Дисциплинската комисија на МКФ, или пак е некој "тактички потег" од страна на раководството на федерацијата.
Тоа останува како „мала тајна" на МКФ...

ФИБА не третира вакви случаи, не казнува за „младински случаи"
И покрај тоа што челниците на МКФ донесоа одлука за шестмесечна суспензија за Ненад Димитријевиќ, се чини дека младиот кошаркар на Хувентуд од Бадалона, нема да се соочи со такво нешто.

Од проста причина што во контактите кои се остварени со претставници на ФИБА, одговорот, секако оној неофицијалниот, вели дека вакви случаи, како овој со Ненад Димитријевиќ, надлежните комисии во Светската федерација не ги „толкуваат" или подобро кажано „третираат" како оние во сениорска конкуренција.
Факт е дека сето ова се случува на пријава од страна на селекторот на репрезентацијата „Под 20" години за која наводно Димитријевиќ одбил да игра, иако се појавил на подготовките Дека дури и одигра некои контролни натпревари на кои подоцна пријави повреда поради која и не ги доигра оние преостанатите.
И согласно со тоа, треба да се разграничи оној младински од сениорскиот „сектор" кој го следат претставниците на ФИБА.
Оттука и логично е сето ова да помине без никаква официјална суспензија, затоа што станува збор за натпреварување во оние пониски рангови какви што се на пример, младинските.
Во Европа не е забележан случај ФИБА да казнила некој играч- репрезентативец на возраст „Под 20" години

Најново во Кошарка