ЕДНА СЛИКА, ИЛЈАДА ЗБОРОВИ, НО И НАЈАВА ЗА НЕШТО ЕКСКЛУЗИВНО

Перо Антиќ уште поблиску до Работнички и „Градски парк“ (ФОТО)

На што друго би можело да асоцира една ваква слика на која, на едно место, во скопска „Воденица“ се Перо Антиќ, Марин Докузовски и Саша Богдановиќ? Освен за најава за една соработка чиј заеднички знак е Работнички

објавено: 11 јануари 2019 - 20:30

Перо Антиќ во Работнички?

Една стара идеја, која во многу скоро и дефинитивно може да биде една од оние кои може да се реализира во целост. 

Судејќи според една и тоа како „свежа фотографија“ направена во текот на денот во скопска „Воденица“, договорот многу брзо може да биде и официјализиран.

Односно најдобриот играч на Македонија на сите времиња и официјално да биде дел од клубот од „Градски Парк“.

Марин Докузовски во улога на шеф на стручниот штаб, како и Саша Богдановиќ, актуелниот градоначалник на општина Центар, најголемиот спонзор на нашиот најтрофеен кошаркарски колектив, се во уште една мисија, да најдат решение, формула, како би го реализирале овој проект, да дојдат до потписот на договорот со играчот со кој скоро сигурно им е гарантирана уште една шампионска титула, дури и повеќе од тоа. Враќање на оној имиџ кој клубот од „Градски парк“ го имаше во минатото, на најдобар кошаркарски репрезент на нашата земја.

Судејќи според изразите на лицата на овој „трилинг“ такво нешто е на повидок.

До стартот на вториот дел од сезоната има уште доста време, доволно, се чини некогашниот репрезентативен двоец Антиќ како капитен, а Докузовски како селектор, на едно друго место, во „срцето на Скопје“ да испише уште една голема работа за македонската кошарка.

 

Најново во Кошарка