Перо Антиќ во одбрана на суспендираниот Ненад Димитријевиќ

Не си играјте мајтап, детето има направено повеќе за Македонија од сите вас!

Евентуалната казна од шест месеци неиграње дури и за својот клуб Хувентуд, која Ненад Димитријевиќ ја доби од Дисциплинската комисија при МКФ, продолжува да ги бранува кошаркарските води.

објавено: 5 октомври 2018 - 17:24

Евентуалната казна од шест месеци неиграње дури и за својот клуб Хувентуд, која Ненад Димитријевиќ ја доби од Дисциплинската комисија при МКФ, продолжува да ги бранува кошаркарските води. 

Откако прво својот став го кажа некогашниот генерален секретар на МКФ; и носител на многу други кошаркарски функции, Ѓорѓе Војновиќ, следната реакција стигна од најтрофејниот, веројатно и најдобар македонски кошаркар на сите времиња Перо Антиќ.

За Антиќ нема дилеми дека МКФ е далеку од една професионална федерација која знае што сака за време на својот мандат.

Антиќ на својот профил на Фејсбук ја искористи можноста да го нападне раководството на МКФ, поточно претседателот Петар Наумоски кого често го напаѓа преку социјалните мрежи, но сега во тој круг влегува и спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски. 

„Детето и многу кошаркари со кои вие си играте мајтап имаат направено многу повеќе за Македонија од вас. Ако некој не сака да игра доволно е јавно да се каже дека не сака и на тоа да остане", напиша меѓу другото Антиќ.

Причина за суспензијата на Димитријевиќ е неговото неиграње за младинската репрезентација летово, наводно поради повреда. Последните информации велат дека постои можност суспензијата да биде заменета со парична казна, со цел да не се спречи целосно неговиот играчки развој.

 

Најново во Кошарка