ЈУНИОРИТЕ СО КОНТРОЛИ ВО ТУРЦИЈА

Милевски ќе ги тестира кандидатите во Истанбул

Нашата селекција "Под 18" години, денеска пристигна во Истанбул каде во наредните два дена ќе одигра два пријателски натпревари со националната селекција„ Под 17" години на домаќинот.

објавено: 19 јуни 2018 - 17:20

Македонската репрезентација до 18 години оваа календарска година ќе земе учество на Европското првенство (Дивизија Б) кое ќе се одржува во нашата престолнина, Скопје, во периодот од 27. јули до 6. август. Репрезентацијата ги започна подготовките за настапот пред речиси две седмици, во Скопје и во Маврово, а денес пристигна во Истанбул каде во наредните два дена ќе одигра два пријателски натпревари со националната селекција „Под 17" години на Турција.

Првиот натпревар ќе се одигра утре (среда, 20. јуни) со почеток во 17:00 часот, вториот ден подоцна во истиот термин.

Најново во Кошарка