СОБИР НА СЕНИОРКИТЕ ВО СЦ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

Македонските кошаркарки се спремаат за дуелите со Шведска и Хрватска! (ФОТО)

Македонската женска сениорска кошаркарска репрезентација го имаше првиот собир во големата сала при спортскиот центар „Јане Сандански" - Скопје.

објавено: 12 ноември 2018 - 17:40

Кон крајот на месец ноември, сениорките ќе ги одиграат последните два меча во рамките на квалификацискиот циклус за континенталниот собир закажан за идната година.

На 17. ноември во малата сала на „Јане Сандански", ќе ја пречекаме Шведска, а четири дена подоцна завршуваме на гости кај хрватската репрезентација.

После четири кола веќе ги загубивме шансите за учество на ЕП, моментно во групата Х сме на последното место со четири бода, водат Италија и Шведска со по седум, а шест имаат Хрватките.

Да потсетиме, селекторот Марјан Лазовски за претстојните натпревари во квалификациите за Европското првенство ќе смета на следните кошаркарки:

1. Анџелика Митрашиновиќ
2. Ивона Пејковска
3. Ана Тантуровска
4. Софија Лазареска
5. Александра Стојановска
6. Ивана Кметовска
7. Матеа Николиќ
8. Јована Петрушевска
9. Јелена Антиќ
10. Цветанка Димова
11. Анамарија Шеќероска
12. Ивона Кожобашиовска
13. Кристина Јаневска

Најново во Кошарка