ЌЕ ГО ПРЕКИНЕ ОДМОРОТ

Костоски се приклучува еден ден порано од најавеното

„Разговарав со луѓето од стручниот штаб, гледам дека тимот не е комплетиран, затоа, утре сум во Скопје и на тренинг со репрезентативните колеги" – порачува плејмејкерот на романскиот Питешти.

објавено: 19 јуни 2018 - 16:50

Александар Костоски, евидентно, очигледно, му е потребен на овој состав кој се појави на овие јунски подтготовки и за онаа последна средба од претквалификациите за пласмна на ЕП 2021 година против Швајцарија закажана за 28. Јуни во Фрибург.

Неколкуте откази, условија стандарднито репрезентативец да го скрати годишниот одмор, и еден ден порано од договореното, да почне со тренинзи.

„Разговарав со луѓето од стручниот штаб, но и со дел од соиграчите, гледам дека тимот не е комплетиран, затоа, утре сум во Скопје и на тренинг со репрезентативните колеги" – порачува плејмејкерот на романскиот Питешти.

Со оглед на тоа дека во овој момент, селекторот Давитков го има на располагање само уште Бобан Стајиќ на првата бековска позиција, јасна е потребата од Костоски.

„Треба да се искористи секој ден, да бидеме што е можно поспремни за овој меч со Швајцарија кој треба да го добиеме и успешно да го реализираме овој претквалификациски циклус. Со оглед на тоа дека е, т.е. беше време за одмор, мислам дека повеќе време ни треба за физичка подготовка, отколку за оној тактичко-техники дел во оваа летна фаза од квалификациите. Впрочем добро се познаваме, секако со исклучок на новиот играч, односно замената за Хендрикс. Но тоа не би требало да биде проблем за еден професионален кошаркар"- смета Костоски.

 

Најново во Кошарка