ЖДРЕПКА ЗА ЕП ВО МЛАДИНСКИТЕ КОНКУРЕНЦИИ

КАДЕТИТЕ НЕМАА МНОГУ СРЕЌА: Во Удине стартуваме со Шпанија, Летонија и Израел

Денеска во Белград, беше одржан ждребот за сите младински европски првенства кои ќе се одигруваат идната година... Машката кадетска селекција на Македонија својот прв и историски настап на ЕП од Дивизијата „А" ќе го има следното лето во Италија, од 9. до 17. август.

објавено: 13 декември 2018 - 12:56

Денеска во Белград, беше одржан ждребот за сите младински европски првенства кои ќе се одигруваат идната година.
Македонската кошаркарска федерација ги пријави сите возрасни категории во машка конкуренција (М20, М18 и М16) додека во женска конкуренција пријави две категории (М18 и М16).
Младинците (М20 возрасна категорија) ќе разигруваат во Португалија во периодот од 12. до 21. јули против врсниците од Словачка, Белгија, Луксембург и домаќинот Португалија.
Јуниорите ќе отпатуваат за Романија и од 26. јули до 4. август ќе се надигруваат со соодветните селекции на Грузија, Украина, Ирска, Данска и Словачка.

Машката кадетска селекција на Македонија својот прв и историски настап на ЕП од Дивизијата „А" следното лето во Италија, од 9. до 17. август. За први противници во онаа групна фаза, ги добивме селекциите на Шпанија, Летонија и на Израел.
Идната календарска година (од 5. до 14. јули), МКФ ќе биде организатор на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркарки до 18 години на кое своето учество (покрај Македонија) го пријавија уште 22 земји.
Ждребот посака да нашите кошарарки бидат во група заедно со врсничките од Романија, Грција, Ирска, Словачка и Австрија.
Кадетките пак, кои ќе учествуваат на Европското првенство (дивизија Б) кое ќе се одржи во Софија во периодот од 15. до 24. август, ќе разигруваат со врсничките од Холандија, Украина, Луксембург и домаќинот Бугарија.

Најново во Кошарка