АКО НЕ ДОЈДЕ ДО НЕКОЈ ДОГОВОР СО ФЕДЕРАЦИЈАТА

ИМА И ДРУГА ОПЦИЈА: Димитријевиќ се откажува од македонското државјанство?

Како некоја, условно кажано, крајна мерка, младиот кошаркар не ја исклучува можноста да го остави македонскиот пасош, затоа што поседува и српски и во иднина да игра под знамето на нашиот северен сосед. Освен тоа, во Шпанија настапува како домашен играч бидејќи таму ги помина младинските категории.

објавено: 5 октомври 2018 - 12:00

Бобан Радуловиќ

Ненад Димитријевиќ повторно во центарот на вниманието на македонската кошаркарска јавност. За жал, не поради неговите добри игри, како за клубот каде настапува така и во нашите национални селекции, туку поради суспензијата која ја доби од страна на МКФ.

Одлуката за суспензија е донесена поради неиграњето на Димитријевиќ на Европското првенство од „Б" дивизија во Софија. Во одлуката стои дека Ненад се појавил на подготовките, претходно тренирал, но подоцна пријавил дека е повреден.
И дека според луѓето кои ја донеле одлуката, ова не е прв случај во кој Димитријевиќ ги прескокнал репрезентативните обврски.

Па сето тоа му носи дополнителна нејасност на овој случај, од кој корист, се чини дека нема никој, ниту едната уште помалку другата страна.

Напротив, се би можело да има катастрофалнаи последици, како на пример Македонија да загуби уште еден талентиран кошаркар, единствениот Македонец кој во овој момент настапува, игра, во најсилната лига на Европа – Ендеса лигата.

Пред се затоа што постои сериозна можност Ненад Димитријевиќ дури и да се откаже од македонското државјанство, што не е и прв пример во нашата кошарка (случајот на Кристијан Николов, макар што е по некоја друга основа)

Доколку не дојде до некој договор со МКФ, секако, како некоја крајна мерка, младиот кошаркар на Хувентуд ја разгледува и можноста да се откаже од македонското државјанство. Пред се затоа што поседува и српско, и во иднина, по некој двостран договор, би можел да игра и за селекцијата на Србија.

Освен тоа, во Шпанија настапува како домашен играч бидејќи таму ги помина младинските категории.
Секако, евентуалното откажување од македонското државјанство не е закана за актуелното раководство на МКФ, туку само обид да се спаси кариерата која оди во нагорна линија кај нашиот, сега дали може да се каже повеќе во тој стил, репрезентативен бек. 

Најново во Кошарка