ПО ПОБЕДАТА НА РУСИЈА ПРОТИВ БЕЛГИЈА (84:71)...

И ДЕФИНИТИВНО: Македонија е во четвртфиналето на ЕП во Сараево

Без оглед на резултатот во дуелот со Норвешка, предвиден за 16.30 часот, нашата кадетска селекција обезбеди пласман меѓу осумте селекции кои ќе се борат за место во „А" Дивизијата.

објавено: 14 август 2018 - 16:10

Машката кадетска селекција на Македонија ќе игра во четвртфиналето на ЕП од Дивизијата „Б" кое овие денови се игра во главниот град на БиХ – Сараево.

Иако пред нашиот тим е уште еден меч во групата фаза, оној од 16.30 часот против селекцијата на Норвешка, јасно е дека тој ќе нема резултатско значење.

Најмногу поради фактот дека селекцијата на Русија ни направи мала услуга, ја совлада селекцијата на Белгија, нашиот конкурент за позицијата број 2 во групата „Б" од ова првенство.
На крајот и убедливо, со (84:71), иако во првото полувреме не беше баш така.
Како и да, е по оваа победа, Русите останаа на максимален ефект од пет победи во исто толку натпревари, Македонија, без оглед на исходот на дуелот со Норвешка ќе биде второпласирана во оваа група.
И многу извесно, за противник во четвртфиналето ќе ја има првопласираната селекција од групата „А", каде најголеми шанси за тоа има репрезентацијата на Романија (игра против аутсајдерот Луксембург).

Најново во Кошарка