РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ БЕК ЗАВРШИ СО ОДМОРОТ

ЕДНО ГАЈЛЕ ПОМАЛКУ: Давитков го дочека Костоски, на тренинг и Пајиќ

Она што беше најавено, доби своја реализација. Селекторот на нашиот национален тим, од вечерва го има на располагање и искусниот организатор на играта.

објавено: 20 јуни 2018 - 21:16

Едно гајле помалку за Јорданчо Давитков, Селекторот на нашиот сениорски национален состав, го дочека доаѓањето на веројатно првиот плејмејкер во овој состав на „црвено-жолтите", Александар Костоски.

Играчот на романскиот Питешти, најави и го реализира ветувањето дека еден ден порано од договореното ќе се појави на тренинзите на сениорската селекција.
Го стори тоа уште вечерва, па сега Давитков има опција повеќе во реализација на плановите.
Изненадувачки, дополнети со уште еден, релативно млад кандидат, Предраг Пајиќ.
Бекот на Фени Индустри доби(л) дополнителне повик од селекторот, да го одработи овој дел од подготовките, токму поради недостиг на играчите во бековската линија (откажа Соколов,повреден е Симоновски, доцнеше Костоски...).

Најново во Кошарка