ПРЕД ОДИГРУВАЊЕТО НА ВЕЧЕРАШНИОТ НАТПРЕВАР ЗА ЕУРОБАСКЕТ

Двојно поевтин билетот за мечот Косово-Македонија (ФОТО)

Билетот за денешниот натпревар од 20:30 часот помеѓу најдобрите кошаркарски репрезентации на Косово и Македонија е двојно поевтин.

објавено: 13 септември 2018 - 19:46

Два евра изнесува влезницата за дуелот кој што ќе се одигра во „Палата млади и спорт" во Приштина.

Ова е двојно поевтино за љубителите на кошарката да дојдат во што поголем број во однос на ланскиот дуел помеѓу двете селекции во овој град одигран на 2. август.

Избраниците на селекторот Јорданчо Давитков денеска ќе го одиграат првиот натпревар во рамки на втората фаза од претквалфикациите за Евробаскет 2021.

Денеска отвораме против Косово, а три дена подоцна (недела, 16. септември) ќе ја пречекаме „црвено-жолтите" ќе ја пречекаат Романија.

Најново во Кошарка