ГО НЕМА НА СЕНИОРСКИОТ СПИСОК

Димитријевиќ во Скопје по 20 јуни, ќе игра ли со својата генерација на ЕП?

Младиот репрезентативец заврши со своите сезонски обврски кон Хувентуд, ги троши првите денови на одмор, и размислува за повикот во нашиот национален тим за играчи „Под 20" години.

објавено: 6 јуни 2018 - 15:00

Помалку изненадувачки, но не и за наши прилики, веќе познати, Ненад Димитријевиќ не се најде на списокот на кошаркари кои на 11. јуни треба (ше) да ги почнат подготовките за оној последен меч од претквалификациите за ЕП 2021 година, проив Швајцарија.

Веројатно проценките на стручниот штаб предводен од селекторот Јорданчо Давитков биле дека на младиот кошаркар му треба поголем простор за одмор, но и идеја според која во овој момент Димитријевиќ би бил многу покорисен да биде дел од својата генерација (играчи родени 1998 година), која ја очекува настап на ЕП од Дивизијата „Б".

Со оглед, или ако дојде до промена на плановите, односно поместување на стартот на подготовките на сениорите, во тој случај би можело да се случи и промена во плановите.
Односно Ненад Димитријевиќ, кој планира да се врати во Скопје после 20. јуни, да биде „достапен" и за сениорскиот национален тим.
Но многу поголема е веројатноста да им се приклучи на своите репрезентативни соиграчи од „Под 20" селекција, со кои веќе одработи неколку шампионати.
Сениорите играат на 28. јуни во Фрибург, додека пак стартот на Европското младинско првенство Дивизија „Б" е идеален за Димитријевиќ да заигра со младинската селекција која од 13 до 22.јули ќе биде на шампионатот во Софија.

Најново во Кошарка