НОВА „ЖРТВА" ВО НАШИОТ НАЦИОНАЛЕН ТИМ „ПОД 16" ГОДИНИ

Бил на камп кај браќата Гасол, избришан од репрезентативниот список !?

Еден од најдобрите кошаркари во кадетскиот национален тим, Љубиша Димитровски е тргнат од списокот на кандидати за настап на ЕП во Сараево поради тоа што не се појавил на подготовките, чиј почеток се поклопил со неговото планирано учество на еден од најпознатите кампови во Европа за млади кагетории.

објавено: 10 јули 2018 - 13:00

Своеволието на селекторот на нашиот кадетски национален тим продолжува. Откако креираше список на кандидати за настап на претстојното Европско првенство во кој половина се од клубот кој го води, (истиот стигна само до третото место на државниот шампионат), сега истиот почна да го „чисти" истиот.

Секако со играчи кои не се под негова „команда".
Еден од најдобрите кошаркари во кадетскиот национален тим, Љубиша Димитровски е тргнат од списокот на кандидати за настап на ЕП во Сараево поради тоа што не се појавил на подготовките, чиј почеток се поклопил со неговото планирано учество на еден од најпознатите кампови во Европа за млади категории.
Навистина неверојатно, поинаку не може да се протолкува една ваква одлука. Надвор од системот да се остави веројатно и најперспективниот играч од генерацијата 2002 година.

„Ова преоѓа во нешто повеќе од обично своеволие на оној кој се нарекува тренер или селектор. На мене како родител навистина не ми е јасно што толку Љубиша Димитровски погрешил. Дали во него гледа (ат) некоја сериозна конкуренција, дека треба да го отстапи своето место на некој друг од оние 'планираните'? Навистина не знам, а уште помалку како треба да му се објасни на едно дете од 16 години зошто е ова така?"- порачува родителот на Димитровски.

Заедно со Андреј Андоновски, Љубиша Димитровски беше и најзаслужниот што екипата на Феникс 2010 така супериорно ја освои титулата во кадетската младинска лига (за играчи родени 2002 година).
Па повеќе од чудно е токму на еден ваков безобразен начин биде елиминиран од можноста своите несомнени квалитети ги покаже и на шампионатот во БиХ следниот месец.
Веројатно е грев што талентираното момче со родителска, а не некоја друга помош стигнало да се појави на еден сериозен камп во организација на браќата Пау и Марк Гасол.
Во коресподенцијата која ја добивме од страна на оваа сериозна организација, убаво стои дека Љубиша Димитровски испратил пријава за учество на овој собир на најдобрите 36. деца од Европа на возраст од 15 до 19 години.
И дека само совпаѓањето на датумот на одржување на кампот (1-7. јули), е основната пречка, поради која младиот кошаркар го загубил местото во оваа наша национална селекција, иако и не е баш така.

„Тоа е уште поневеројатен дел од приказната. Станува збор за камп организиран на највисоко можно ниво од страна на најпознатите кошаркарски имиња кои ги има земја како Шпанија, Пау и Марк Гасол, Собир на кој има место само за 36 најталентирани деца, и на кој моето дете замина со цел да напредува уште повеќе. Тука не станува збор за било какви финансиски средства кои сме ги одвоиле за неговиот напредок. Туку за своевидна тренерска суета. Би Ве замолил да проверите кои други играчи се исто така отсутни од тренажниот процес на оваа селекција. Ако Љубиша е 'жртвата', нека им биде. Нека им служи на чест на сите оние кои се служат со вакви работи, кои ги тераат децата да се откажат од овој прекрасен спорт. Ние нема да се предадеме пред вакви нечесни работи, напротив".

Удар токму во центарот...
И треба да се загрижат раководните луѓе на федерацијата. Прво околу тоа кого поставуваат на така важни, селекторски позиции.
Второ зошто не водат грижа за талентите кои ги имаме, ама се се помалку и помалку (сетете се на случајот со Дино Боцевски), и ги тераат играњето во Македонија да го заменат со некое друго, подобро место.
Или пак оваа „акција" треба да претставува нешто друго. Овој „слободен простор" (и други деца се тргнати од списокот), треба да биде пополнет со „кадар близок до претседателот".
Ако така правиме кошарка, а евидентно правиме, затоа сме и дојдени до една ваква ситуација.
Талентите да се бркаат, на патувања да одат оние кои значат „нешто повеќе" за организаторот, во овој случај - МКФ.
И нема да не чуди воопшто, ако наскоро и некое друго дете, а не само Љубиша Димитровски, за кого се зборува во оваа жална приказна, се реши да и каже збогум на македонската кошарка.
Б. Радуловиќ

 

Најново во Кошарка