Поширок список на кошаркарки повикани за сениорскиот тим

Бонер нема дозвола, Антиќ на рехабилитација

Селекторот на сениорската женска репрезентација, Марјан Лазовски, излезе со поширокиот список на кошаркарки на чии услуги ќе смета во натпреварите од квалификациите за Европското првенство.

објавено: 26 октомври 2018 - 11:45

Селекторот на сениорската женска репрезентација, Марјан Лазовски, излезе со поширокиот список на кошаркарки на чии услуги ќе смета во натпреварите од квалификациите за Европското првенство.

Кон крајот на месец ноември, сениорките ќе ги одиграат последните два натпревара во рамки на квалификацискиот циклус за континенталниот собир закажан за идната година.

На 17. ноември, в Скопје, во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански", ќе ја нагостиме селекцијата на Шведска додека на 21. ноември ќе го затвориме овој циклус на гости кај хрватската репрезентација.
Првиот собир сениорките ќе го одржат на 12. ноември (понеделник) во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански" со почеток во 20 часот.
Извесно е дека во овој циклус лазовски нема да може да смета на најголемото засилување, Американката Дјуана Бонер, која нема дозвола од ФИБА за настап, како и за недоволно опоравената Јелена Антиќ, што само ги зголемува персоналните проблеми за нашиот стручен штаб.

ПОШИРОК СОСТАВ НА МАКЕДОНИЈА
Анџелика Митрашиновиќ, Ивона Пејковска, Ана Тантуровска, Александра Стојановска, Софија Лазареска, Нена Трајчевска, Ивана Кметовска, Матеа Николиќ, Јована Петрушевска, Ивона Кожобашиовска, Тијана Митрева, Јелена Антиќ, Цветанка Димова, Сања Адамовска, Габриела Модева, Анамарија Шејќероска, Теона Поп-Стојанова, Илина Селцова, Едина Муса, Марија Димитријевиќ, Ива Крстевска, Сара Анастасијеска, Криси Гивенс, Дјуана Бонер

Најново во Кошарка