ПОРАДИ ПОВРЕДА НА БУТНИОТ МУСКУЛ

Без Димитријевиќ на „контролите" во Бугарија?

На неполни две недели пред почетокот на ЕП во Бугарија, првиот адут на нашиот национален тим заработи незгодна повреда поради која извесно е дека ќе ги пропушти наредните проверки, токму кај нашиот источен сосед во следните два дена.

објавено: 29 јуни 2018 - 16:00

Два порази се зад нашиот национален тим „Под 20" години. Запишани се на гостувањето во Тиват, прво против Русија, потоа и против Црна Гора, екипи кои се во горниот дом на младинската европска кошарка. Едниот убедлив, другиот „прифатлив", но се чини дека многу повеќе од двата порази стручниот штаб треба да го загрижи повредата на првиот играч во овој избор, Ненад Димитријевиќ.

Бекот на шпанскиот Хувентуд, одигра нецели девет минути на проверката со селекцијата-домажин.
Причината е силниот удар кој го доби во пределот на бутниот мускул, по кој селекторот Никола Василев и соработниците повеќе не сакаа да ризикуваат ништо, и го оставија младиот плејмејкер надвор од игра.
Ниту пак малиот одмор по пристигнувањето во Скопје, не ги промени(л) нештата. Па како што сега стојат работите, станува извесно дека наредните проверки, оние во Бугарија, Македонија ќе биде ускратена со неиграњето на Димитријевиќ.
Согласно со тоа, и ротацијата на бековските позиции ќе биде видно намалена, па Василев ќе мора да (по) бара некои други решенија.
Како што тоа го правеше на првите контролни мечеви, оние против селекцијата на Унгарија одиграни во Скопје, кои исто така ги завршивме неуспешно.

Б. Радуловиќ

Најново во Кошарка