НАЈЕФИКАСНИОТ ВО РЕДОВИТЕ НА КОСОВО ЖАЛИ ЗА ПОРАЗОТ

Бериша: Немавме среќа, Македонија за едно ниво подобра од нас!

Репрезентацијата во машка сениорска конкуренција ја отвори втората фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021 со триумф над Косово.

објавено: 13 септември 2018 - 23:08

Од Приштина

Бобан Радуловиќ

Следат два дена одмор за избраниците на селекторот Јорданчо Давитков, па натпревар против Романија на домашен терен во Скопје.

Дефинитивно најголемата опасност вечерва во Приштина за нашата селекција беше Дардан Бериша кој имаше феноменална партија од 32 поени, шест скокови и четири асистенции.

„Сигурно за нас еден тежок натпревар, знаевме дека ова за нас е многу важно. Морам да кажам дека за едно ниво Македонија беше подобра од нашата селекција, заслужено триумфираше. Дадовме 100% од своите можности и на крајот малку недостасуваше ние да дојдеме до победа. Значи, се боревме до крајот, но немавме среќа и затоа Македонија на крајот се радува", изјави кошаркарскиот репрезентативец на Косово, Дардан Бериша.

Најново во Кошарка