НБА ПОНЕКОГАШ СЕ ПРЕТВОРА ВО ЦИРКУС

Зошто не важат правилата за Џејмс Харден?(ВИДЕО)

На средбата со Јута „брадата" изведе нов елемент во кошаркарската игра кој не беше санкциониран од страна на судиите...

објавено: 18 декември 2018 - 11:00

Не е тајна, и тоа никаква дека Џејмс Харден е исклучително квалитетен кошаркар, и еден од најдобрите во светот во овој момент.

Нема ништо спорно во неговата игра, освен чекорите, кои понекогаш знае да ги направи, и дури да се „занесе во играта", па ќе ги направи и повеќе од што е потребно, односно тоа го дозволуваат правилата на кошаркарската игра.
Но не е тајна и тоа дека е еден од оние на кои судиите во НБА лигата доста често им „прогледуваат низ прсти".
Во победата против Јута Џез, кошаркарот на Хјустон одигра уште еден сјаен натпревар во кој реализираше 47.поени, но неговиот настап покрај одичната игра, ќе се памети и по тоа што во еден момент изведе двоен „степ-бек" при шутот (за три поени).
Иако очигледно беше дека направи недозволен потег, судиите не досудија ништо, што предизвика потсмев, но и големи осуди од бројни НБА кошаркари
Едне од оние кои се огласија беше легендарниот Ајзеја Томас, кој на Твитер профилот напиша:

„Ма дајте, сега и ова ли го дозволуваат? Па наскоро ќе постане незапирлив"...


Најново во Кошарка