ВТОРА ВЕЧЕР ОД НОВАТА СЕЗОНА ВО НБА ЛИГАТА

ЗА ПОЧЕТОК: Дончиќ „скаран" со шутот (ВИДЕО)

Феникс го доби првиот дуел во сезоната против Далас, убедливо (121:100).

објавено: 18 октомври 2018 - 08:30

Феникс Санс не е така лоша екипа како што беше најавено. Уште на првиот натпревар во новата сезона, тимот од Аризона покажа доста, славеше убедливо против Далас Маверикс (121:100), во натпревар во кој го контролираа резултатот. Мавс се доближи, на шест и пол минути, кога на семафорот стоеше резултат (96:92), но сјајниот Девин Букер врза 12.поени за недостижни (108:97), со кои ја потврди победата.


 Сјајниот бек заврши со 35.поени (12/19 од игра) и 7.асистенции, Тревор Ариза имаше 21, со 8.скока и 7.асистенции, додека првиот пик на драфтот оваа година, Диандре Ејтон имаше дабл-дал од 18. поени и 10. скока (плус 6 асистенции).

Кај поразените, заигра и сјајниот Лука Дончиќ. Но Словенецот немаше своја шутерска вечер. Дојде до 10.пооени, но со шут од игра 5/16, од кои пет утки за три поени. Дополни со 8.скока, и по четири освоени односно загубени топки.

Дерозен веднаш јунак, Каваи го запали Торонто

Кошаркарите на Сан Антонио и на Торонто забележаа победи во првите натпревари од сезоната. А во центарот на вниманието беа играчите кои летоска беа трампани во овие две франшизи. Демар Дерозен и Каваи Ленард.

Доскорешниот играч на Торонто, сега на Спарс погоди за два, а потоа и уште две „слободни" во финалните секунди од мечот за конечни (112:108). Заврши со 28.поени (10/21 од игра) и по четири скока и асистенции, додека Демаркус Олдриџ го следеше со 21.поен и 19.скока.
Кај Минесота, Џеф Тиг уфрли 27.поени, незадоволниот Џими Батлер 23, плус 7.скока и 3.асистенции а Ендрју Вигинс уште 20.
Одлична партија во дресот на Торонто прикажа Каваи Ленард кој ги предводеше Репторс до победа против Кливленд (116:104).

Гостите од Оахјо се држеа добро се до средината ан втората четвртина кога тимот од Канада „се одлепи" на (54:41), и уште тогаш најави победа.
За 37.минути, Ленард постигна 24.поени (9/22 од поле), 12.скока, и две додавања, додека најефикасен беше Кајл Лаури со 27.поени и 8.асистемции.
На другата страна Кевин Лов запиша 21.поен и 7.с кока, а одличен беше родениот Македонец, Џеди Осман со 17. реализации, 10.скока и 4. асистенции.

Дејвис го разби Хјустон, 72 поени на Никс во едно полувреме
Пеликанс одиграа сјаен меч во Хјустом и буквално го „разбија" ланскито финалист на Западот () 131:112)
Предводени од сјајниот тандем Дејвис-Миротиќ, „пеликаните" водеа од почетокот, а во средината на третиот период имаа и максимален плус од 27. поени.

„Веѓата" беше на чекор до перфекција на двете страни од теренот. Даде 32.поени (13/21 од игра, 6/7 од линијата за слободни фрлаења), но и 16.скока, 8.асистенции и по три освоени топки и блокади. Миротиќ впиша 30. Поени (11/20 од поле и 6/8 за три поени), но и десет скока и три успешни додавања.
Кај разочарувачки слабите „ракети", Ерик Городн беше најефикасен со 21.поен, Пи-Џеј Такер и Крис Пол постигнаа по 19. Џејмс Харден беше на чекор до прв трипл-дабл затоа што на 18.поени додаде и 10.асистенции и 9. скока. Додека Кармело Ентони дојде до скромни девет поени.
Новата сезона почна одлично за Њујорк Во „Медисон Сквер Гарден" и без повредениот Кристапс Порзингис славеа убедливо (126:107), против Атланта.
Во првото полувреме Никс постигнаа дури 72.поени. Од нив 22 беа дело на Тим Хардавеј-Јуниор, а од нив 49.дојдоа во втората четвртина, што е нов рекорд на славната франшиза кога е овој дел од мечот во прашање. Па затоа не беше чудно што на одмор заминаа со плус 23.
Хардавеј беше и најдобриот поединец на средбата во „МСГ" со 31.поен, Енес Кантер го следеше со двоен ефект од 16.поени и 11. скока.
Кај Хоукс,Торијан Принс постигна 21, Треј Јанг и Кејт Бејзомор по 14 а ветеранот Винс Картер уште 12.

РЕЗУЛТАТИ: Милвоки – Шарлот 113:112, Бруклин – Детроит 100:103, Мемфис – Индијана 83:104, Мајами – Орландо 101:104, Атланта – Њујорк 107:126, Кливленд – Торонто 104:116, Њу Орлеанс – Хјустон 131:112, Минесота – Сан Антонио 108:112, Јута – Сакраменто 123:117, Денвер – ЛА Клиперс 107:98, Далас – Феникс 100:121

 

 

 

 

Најново во Кошарка