НАЈКОРИСНИОТ ИГРАЧ НА НБА ФИНАЛЕТО ИМА ИСТА ИДЕЈА

ВОРИОРС СЕ СПРЕМНИ: Ќе му дадат на Дурент се што ќе посака

160 милиони дллари за четири години е една од опциите...

објавено: 12 јуни 2018 - 22:15

Менаџерскиот тим на Голден Стејт ќе направи се што е во нивната моќ за да му понудат најдобри услови на Кевин Дурент во одлуката да остане во Оукленд и во наредниот период.

„Ако се прашувам јас, би сакал да го задржиме уште десет годни. Кевин го доби правото да посака што сака. Најважно за мене и за клубот е тој да биде среќен. Тој е важен дел од шампионскиот мозаик на Голден Стејт и ние сакаме да остане со нас"- најави генералниот менаџер на Вориорс, Боб Маерс.

На 1. јули „Кеј-Ди" ќе се стекне со статусот на неограничен слободен агент, но тој веќе најави дека сака да продолжи со шампионите.
Според ЕСПН, 29.годишниот кошаркар може да потпише со Голден Стејт четиригодишен договор и да заработи 160.милиони долари
„Дурантулата" беше еден од најзаслужните за новата титула на Вориорс, трета во последните четири сезони (за него втора по доаѓањето во тимот), откако со чисти (4-0) го победија Кливленд кавалирс.

Најново во Кошарка