ШАМПИОНОТ САКА ДА БИДЕ УШТЕ ПОСИЛЕН

Вориорс ќе го жртвуваат Клеј, за да дојдат до „веѓата"?

Приказната е веќе туја, вели дека ново-стариот првак во НБА лигата саакаат да го донесат во своите редови Ентони Дејвис од Њу Орлеанс, но затоа пак во тој случај мораат да се одрекнат од неколку играчи од актуелниот шампионски тим кои беа темел на тимот во изминатите години.

објавено: 12 јуни 2018 - 08:00

Сопствениците на тимот од Оукленд со трансферот на Кевин Дурент минатото лето покажаа дека сакаат во својот тим да ги имаат најдобрите играчи кои постојат во лигата. А во медиумите веќе се гвори дека следната мета на Голден Стејт би можел да биде центарот на Пеликанс, Ентони Дејвис.

Дефинитивно, тоа би бил и најголемиот „лов" кој „воините" би можеле да го добијат во наредниот период.
Но затоа пак неговото евентуално доаѓање во Калифорнија, би предизвикувал и „верижен момент" односно заминување на неколку играчи, како на пример, Клеј Томпсон, па и Дрејмонд Грин.
Уште одамна Вориос покажуваа знаци на интерес за популарниот „веѓа", и го сметаа(т) како засилување на кое сметаат "еднаш во иднината".
Но прашање е дали челниците на ново-стариот првак во НБА моментално би се одрекнале од онаа „база" на тимот со кој освоија три шампионски титули во последните четири сезони.

Најново во Кошарка