НАЈДОБРИОТ БОСАНСКИ КОШАРКАР НЕ ГУБИ ВРЕМЕ

ТЕЛЕТОВИЌ ВО ПЕНЗИЈА: И веднаш претседател на босанската федерација!

Можеби најдобриот Босанец кој некогаш заиграл во НБА лигата ја прифатил претседателската кандидатура на Управниот одбор на КС на БиХ, а во исто време потврдил дека нема да ја продолжи играчката кариера...

објавено: 28 септември 2018 - 08:00

Можеби најдобриот Босанец кој некогаш заиграл во НБА лигата, Мирза Телетовиќ, ја прифатил претседателската кандидатура на Управниот одбор на КС на БиХ, а во исто време потврдил дека нема да ја продолжи играчката кариера...

„После долго размислување, зошто би требало, поради што, што ќе ми е мене нервирање во животот, секирации, борба со ветерниците, и се што оди со некои одговорни функции, донесов одлука дека мојот живот без кошарка – не е живот"- порача легендарниот босански кошаркар.
„Да, на предлот на кошаркарскиот сојуз на кантонот Сараево, и господинот Нихад Селимовиќ, се согласив да бидам кандидат за Управниот Одбор на КС на БиХ. Доколку тој предлог помине на Собранието на сојузот, од ноември, според системот на ротација би требало да бидам претседател на КС на БиХ, што ќе ми биде голема чест и задоволство. Но и одговорност, затоа што кошарката во нашата земја треба да се врати на местото на кое и припаѓа.
Не ме интересираат празни приказни, иако спортот ни е оптоварен со нив туку исклучиво ме интересира напредокот на кошарката. БиХ отсекогаш била полна со таленти, но ни недостасуваше самокритика и работа. Ќе дадам се од себе веќе никого да не го молиме, веќе ништо да не бараме од никого, и да не чекаме милост за да се натпреваруваме. Туку во годините кои се пред нас да станеме сојуз кој нема да се срами од својата работа.
За нас во иднина ќе се пишува и говори само афирмативно, затоа што тоа е мојата цел. Поради тоа и ја превземав оваа обврска. А знам дека ќе биде особено тешко да се постигне сето тоа што го набројав. Но мене во животот не ме интересираше просекот туку само напредокот.
Коашрката е мојот живот, моја љубов, кошарката ми даде се во животот, и јас и дадов се на неа и се надевам дека ќе имам помош од сите оние луѓе кои го сакаат овој спорт. Затоа што лесно е да се зборува за тоа што се треба да се направи. Проблемот се создава кога ќе се дојде до конкретни работи. Јас сум тука поради тие конкретни работи и не сакам да зборувам за работите кои допрва треба да се случат. Времето ќе покаже"- напиша Телетовиќ.

За потсетување, кошаркарската селекција на БИХ неуспешно го затвори ноемврискиот прозорец од квалификациите за Светскиот куп во Кина 2019 година. Тимот кој го предводеше Јасмин Репеша (додје на местото на болнито Душко Вујошевиќ), беше поразен во дуелите со селекциите на Чешка и на Финска.

Најново во Кошарка